Мајстор Диме, еден од четворицата активни чевлари во Битола / Фото: ТВ Тера / скриншот

ВИДЕО: Никој веќе не сака да биде кондураџија, вели битолскиот мајстор Диме

Ниту еден од преостанатите, активни битолски кондураџии од 21 век нема свој професионален наследник, а од некогашните 150 кондураџии и 37 дуќани на опинчари, денес во Битола се останати само четворица.

„Младите повеќе сакаат да работат на компјутер… и да зборуваат англиски“, вели мајстор Диме, додавајќи дека на огласите за вработување кои ги објавиле некои од неговите колеги, никој воопшто не се јавил ниту да праша колкава е платата.

Тој вели дека наспроти напливот на евтини обувки од Кина, сепак има работа и луѓето носат чевли за поправка, но во Битола нема доволно чевлари.

„Да сме здрави и живи и да работиме и во 2025-та. Да нè послужи здравјето и ако можеме, да работиме“, порачува битолскиот мајстор во прилогот на телевизијата „Тера“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот