ВИДЕО: Невидената местенка ќе добие епилог, колумбискиот претседател побара итна истрага

Колумбискиот претседателот побара истрага за скандалозниот финиш од натпревар во втората лига/принтскрин/јутјуб

Невиден фудбалски скандал кој се случи во втората колумбиска лига ја шокираше фудбалската јавност и го натера претседателот на оваа држава да се огласи и да побара истрага.

Во последното коло во втората лига во Колумбија, два клуба се бореа за влез во најсилната лига, Форталеза која имаше два предност пред второпласираниот тим Унион Магдалена. Форталеза на домашен терен беше голем фаворит против Богота, додека Унион Мадалена му гостуваше на Лјанерос и мораше да победи, а во исте време и да чека кикс на ривалот.  И токму тоа се случи, Форталеза загуби на домашен терен со 1:2, но и покрај тоа беше во игра за пласман во првата лига бидејќи Унион Магдалена во 90 минута губеше со 1:0. Но, тогаш започна хаосот поради кој мораше да реагира и претседателот.


Прво Унион Магдалена во 95 минута израмни на 1:1 по што играчите се стрчаа да ја земат топката од гостинската мрежа бидејќи им беше потребен уште еден гол. Домашните фудбалери веднаш им ја додадоа топката на гостите и право од центарот беше испоратена долга топка во шеснаесетникот на Лјанерос каде сите играчи на домашниот тим стоеја и посматраа што се случува. Гостите успеаја да постигнат гол и да победат со 1:2, но веднаш ја разбрануваа јавноста во Колумбија. Се огласија голем број колумбиски фудбалски ѕвезди.


– Ова е срамота, се срамам што сум Колумбиец. Недостаток на респект кон противникот, фудбалот, навивачите – се огласи играчот на Јувентус, Хуан Квадрадо.

Реагираше и здружението на професионални фудбалери во Колумбија кое побара истрага, а целата работа дојде и до претседателот на државата, Иван Дуке.

– Ова не е само национален туку и меѓународен срам. Како не им е срам? Итно ќе покренеме истрага и виновниците ќе бидат казнети. Во спортот треба да има транспарентност, етика и чесност, а овие ги издадоа сите овие начела – изјави претседателот Дуке.

Колумбиските власти веднаш одржаа состанок и формираа специјална комисија која ќе истражи се што се случувало пред, за време и по натпреварот. Исто така не се исклучува и забрана Уноин Мадалена да влезе во првата лига.

– Сакаме да видиме кој стои зад сево ова и ќе одиме до крај. Ќе откриеме дали ова беше индивидуален став на неколку играчи или зад сево ова се крие нешто многу посериозно – додаде претседателот Дуке.

Играчот на Лјанерос, Хорхе Дуван Москета преку Твитер му порача на претседателот дека тој и неговите соиграчите добиваат закани и се плашат за своите животи. Притоа тврди дека натпреварор не бил наместен.
– Добиваме вознемирувачки пораки и закани со смрт. Јас и моите соиграчи се плашиме за нашите животи, се плашиме да излеземе од своите домови за да не ни се случи нешто, Ве молам повикајте на умереност и разумност . Бевме толку демотивирани поради примениот гол во 95 минута по што не можевме да се помрднеме од шокот – порача Москера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот