ВИДЕО: Неверојатен пресврт на Каљари од 0:3 до 4:3 за прва победа сезонава во Серија А

фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Денеска во 10 коло од најсилното италијанско фудбалско првенство составот на Каљари триумфираше со 4:3 на домашен терен, иако до 72 минута имаше негатива од 0:3.

Фросиноне поведе во 23 минута преку Суле, па истиот играч ја зголеми предноста во 37 минута, а на стартот од вториот дел третиот погодок на гостите го реализираше Брешианини.

Ористанио во 72 минута го започна пресвртот на домаќните, потоа во 76 минута Макумбу намали на 2:3, за израмнување се погрижи Паволети (90+4`), а истиот фудбалер го постави конечниот епилог во 96 минута.

Триумфот на домашната екипа можеше да биде поголема доколку во 30 минута Мансоку беше прецизен од белата точка.

Инаку ова е само првата победа сезонава за Каљари во Серија А, додека Фросиноне веќе го претрпе третиот пораз на последните четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот