ВИДЕО: „Нешто е скапано во државата Данска“, повторно ќе се откопуваат визоните со мутиран коронавирус

Милиони визони ќе бидат откопани од масовните гробници во Данска откако некои од мршите се појавиле на површината од земјата, предизвикувајќи поплаки од жителите за можни здравствени ризици, соопшти вчера данската Влада.

Данска убива 17 милиони куни поради страв од мутирање на коронавирусот!

На почетокот на ноември властите во оваа земја одлучија да се уништи целата популација на визиони, од околу 17 милиони единки, кои се наменети за врвната модна индустрија, откако беше откриено дека стотици фарми имаат коронавирус, а властите пронајдоа мутирани видови на вирусот и меѓу луѓето.

Но, од четири милиони  визони, кои набрзина беа закопани во воена област во западна Данска, некои наскоро почнаа да „излегуваат” од песочкливото тло поради гасовите во процесот на распаѓање.

Данска убива 17 милиони куни поради страв од мутирање на коронавирусот!

Властите тврдат дека не постои ризик од ширење на вирусот од гробниците, но жителите се пожалија на потенцијалниот ризик од загадување на водата за пиење и за капење во езерото што се наоѓа на помалку од 200 метри од масовните гробници.

Данска беше најголем извозник на визони за луксузните модни брендови, а побарувачката за нивното крзно беше голема и поради високите стандарди за одгледување.

Владата денеска доби поддршка во парламентот за ископ на трупови, се наведува во соопштението од Министерството за храна и земјоделство.

Министерството соопшти дека откопувањата ќе почнат дури во мај следната година, кога ќе се елиминира ризикот од контаминација на мртвите животни од Ковид-19.

Животните, планирано е, да се превезат со камиони до блискиот отпад, каде ќе бидат согорени.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот