Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

ВИДЕО: Нереален потег на Мбапе на дуелот против Урава Редс

Фудбалерите на ПСЖ веќе извесно време се подготвуваат во Јапонија, а во сабота одиграа нов подготвителен натпревар.

Парижаните играа против Урава Редс и по првото полувреме водеа со 2:0 и јасно беше дека јапонскиот клуб тешко ќе го избегне поразот.

ПСЖ поведе во 16 минута на асистенција на Икарди, а Сарабија го постигна голот за 1:0. Но, моментот кој го одбележа првото полувреме се случи во 35 минута, а во центарот на вниманието беше неверојатниот Килијан Мбапе.

Мбапе со одличен дриблинг се ослободи од еден противнички играч на Урава, а потоа од прилично тешка позиција успеа да ја забие топката во мрежата на јапонскиот клуб за 2:0. Мајсторијата на Мбапе можете да ја погледнете во видеото подолу.

Францускиот првак триумфираше на крајот со конечни 3:0, третиот погодок беше дело на Калимуендо во 76 минута по асистенцијата на Мендеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот