ВИДЕО | Необична глетка во вселената – тегла „Нутела“ лебдеше со екипажот на „Артемис 2“
НАСА на 2 април ја лансираше мисијата „Артемис 2“ (Artemis II), првото човечко патување кон Месечината по повеќе од половина век. Но, покрај историските моменти, вниманието го украде еден необичен „патник“ – тегла „Нутела“ која слободно лебдеше низ кабината на вселенскиот брод „Орион“.
Препорачано
Оваа глетка е снимена само неколку минути пред „Орион“ да го собори рекордот за оддалеченост од Земјата. Екипажот на 2 април го надмина рекордот на мисијата „Аполо 13“ од 1970 година, оддалечувајќи се повеќе од 400.000 километри од нашата планета, најдалеку во историјата на човечките летови во вселената.
Вирален хит и сомнежи за реклама
Снимката со лебдечката „Нутела“ експресно стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи не штедеа коментари.
„Нутела штотуку собори светски рекорд летајќи толку далеку од Земјата како никој досега“, напиша еден корисник на „Икс“.
Nutella just hit a world record flying as far away from Earth as nobody else did before 👩🏼🚀🌓 pic.twitter.com/046pkMYezH
— Tobi Mülhauser 🍕 (@iamtobi) April 6, 2026
Додека многумина се шегуваа дека италијанскиот производител „Фереро“ доби бесплатна промоција од светски рамки, дел од интернаутите ја обвинија НАСА за прикриен маркетинг. Сепак, од НАСА веднаш ги демантираа овие гласини. Портпаролката Бетани Стивенс изјави дека агенцијата не соработува со брендови при изборот на храната за екипажот.

Што јадат астронаутите на патот кон Месечината?
Иако „Нутелата“ беше во фокусот, менито на астронаутите е прилично богато. Тие најчесто јадат макарони со сирење и говедски гради, брокула „au gratin“ и кајгана, големи количини лут сос и кафе.
Астронаутката Кристина Кох во видео-повик ги покажа практичните пакувања со храна, објаснувајќи дека поголемиот дел од оброците мора да се рехидрираат со вода пред јадење. Покрај „вселенскиот десерт“, таа на шега додаде:
„Мораме да јадеме зеленчук дури и во вселената, но не грижете се, ни даваат и макарони со сирење“.
Додека „Орион“ продолжува кон Месечината, екипажот не само што јаде, туку и вежба важни процедури, како што е демонстрацијата на реанимација (CPR) во услови на бестежинска состојба.


