ВИДЕО | Необичен инцидент во Москва – полицијата пронајде гол маж во градинка, не знаел како влегол

Чуварот слушнал чудни звуци на последниот кат и повикал полиција, која во тоалетот на градинката затекнала гол 39-годишен маж што тврдел дека бегал од „бандити“ и решил таму да преноќи.

Гол маж (39) бил пронајден во тоалет на детска градинка на североистокот на Москва, соопшти прес-службата на Главната управа на руската Национална гарда за Москва, а при неговото пронаоѓање тој не знаел да објасни како се нашол таму, пренесе „Новости“.

Според агенцијата, чуварот таа ноќ слушнал чуден звук на последниот кат од зградата и ја повикал полицијата.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците внатре пронашле гол маж, кој објаснил дека се искачил со скали преку еден од прозорците. Тој тврдел дека се криел „од бандити“ и дека решил да преноќи во градинката.

Триесет и деветгодишниот прекршител не пружил отпор и доброволно ѝ се предал на Националната гарда. Потоа бил предаден на полицијата за понатамошна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот