Педро Паскал - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Педро Паскал е вистински џентлмен: Ѝ помогна на својата трансродна сестрата да го намести фустанот

На премиерата на филмот „Фантастична четворка: Први чекори“ во Лос Анџелес, 50-годишниот актер Педро Паскал се појави на црвениот тепих во друштво на својата трансродна сестра, Лукс Паскал. Како вистински џентлмен, Педро ѝ го намести фустанот и се погрижи таа да изгледа совршено, додека фотографите уживаа во нејзиното позирање и широката насмевка.

Иако многумина на социјалните мрежи не ја познаа, па се прашуваа која е оваа дама, таа е фсушност помалата сестра на педро која некогаш била маж.

Педро уште еднаш ги освои срцата на јавноста кога ја поддржа својата помлада сестра кога таа јавно објави дека е трансродова жена во 2021 година.

Во интервју за „Холивуд репортер“ во април 2025 година, Лукс изјави:

„Педро секогаш ја покажува својата човечност. Тој не крие кој е, и тоа е она што најмногу го научив од него. Нема причина да кријам која сум јас. И мислам дека луѓето можат да го видат тоа.“

Лукс Паскал е актерка и модел која студирала глума во родниот Чиле, а потоа дипломирала на престижната школа Џулијард во Њујорк во 2023 година. Публиката ја памети по нејзините улоги во серијата „Ла Жаурија, Ла Калифорнија“ и појавувањето заедно со Педро во „Наркос“.

Во февруари 2021 година, Лукс откри дека е транс жена во интервју за списанието „Ја“. Тоа беше прв пат таа да зборува за себе и рече дека започнала со хормонска терапија во јули претходната година.

„За моето семејство, тоа е нешто сосема природно“, рече таа. „

Таа додаде дека нема проблем со гледањето стари фотографии и дека тоа не е извор на болка за неа:

„Гледам човек кој го правел она што го сака. Исто како кога гледам стари претстави.“

Педро ја сподели веста за транзицијата на неговата сестра на Инстаграм, објавувајќи ја насловната страница на списанието и пишувајќи:

„Мојата сестро, моето срце, нашиот Лукс“.

Лукс рече дека Педро бил еден од првите што ѝ дал сила за да го изгради својот идентитет. Кога таа му кажала преку Фејсбук дека е трансродова, неговата реакција била полна со љубов и поддршка:

„Ме праша како се чувствувам, бидејќи беше малку загрижена. Кога му кажав дека сум среќна, рече: „Совршено. Ова е неверојатно.““

Педро воедно изјави и дека таа „му треба повеќе отколку што јас тој што и треба на неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот