Паулина Поришкова/Фото: Принтскрин/Инстаграм/The 80s Rule

ВИДЕО | Некогаш најубавата жена на светот се соблече на 60 години и покажа како навистина изгледа нејзиното тело

Поранешниот топмодел Паулина Поришкова не се срами од своите несовршености и често ги крши стереотипите за женското тело во староста. Сега покажа како изгледа нејзиното тело на 60 години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


Паулина Поришкова беше една од најубавите жени на своето време. Таа беше една од најбараните модели во 80-тите и 90-тите години, а списанието „Харпер базар“ ја прогласи за една од 10-те најубави жени во светот во 1992 година.

Сепак, денес малку работи се промениле, бидејќи Паулина сè уште ја краси нереална, пред сè, природна убавина. Иако повеќе не е активна во светот на манекенството, често можеме да ја видиме на социјалните мрежи. Таа објавува содржини од информативен карактер на социјалните мрежи и не е реткост да ги урива стереотипите за изгледот на жените во постарата доба.

Паулина сподели интересно видео на Инстаграм, каде што го покажува своето тело во розова долна облека.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

„Реалноста е ваква. Имам 60 години. Вака тоа изгледа“, рекла Поришкова во видеото додека го покажувала своето тело, вклучувајќи ги и линиите на градите и стомакот.

Манекенката призна дека во последните години се здебелила околу седум килограми, но вели дека тоа повеќе не ѝ пречи.

„Овој стомак нема да оди никаде“, рекла Паулина, додавајќи дека токму овој стомак ги носел нејзините деца и дека не ѝ е важно колку вежба и колку ѝ се менува тежината.

„Кожата е само кожа. Но, знаете што? Вака повеќе си се допаѓам самата себе“, искрено рекла таа.

Нејзината објава предизвика лавина од коментари на мрежите, а многу корисници и обожаватели беа воодушевени што таа отворено проговори за природниот процес на стареење.

 

ФОТО: Некогаш најубавата жена на светот тешко се справува со стареењето, сите се загрижени за неа

ФОТО | Полина Поришкова: „Сите вие кои имате проблем со голотија, оваа објава нема да биде безбедно место за вас“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот