Фото: Los Angeles Lakers

ВИДЕО | Не помогнаа и 39 поени на Дончиќ, Лејкерс повторно разочараа пред домашната публика

Кошаркарите наа Лејкерс им приредија уште едно разочарување на своите навивачи со поразот од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31), што беше четврти пораз за Дончиќ и друшвото во последните пет натпревари, од кои дури три беа одиграни на домашен паркет.

Падот на домаќините започна во втората четвртина, додека гостите во последниот период направија поголема разлика и го потврдија триумот на гостински терен, иако тоа им носи само 12. место на табелата во Источната конференција. На Лејкерс не им помогна ниту одличниот наастап на Лука Дончиќ, кој постигна 39 поени, шутирајќи 15/26 од игра, 6/11 за три поени и 3/7 од линијата за слободни фрлања, а додаде и три скока и четири асистенции. Словенечкиот репрезентативец го следеше Леброн Џејмс со 29 поени (10/19 од игра, 3/6 за три и 6/7 слободни фрлања), девет скока и шест асистенции.

Шарлот од друга страна до победата беше предводен од Ламело Бол со 30 поени (10/20 од игра, 9/17 за три и 1/1 слободни фрлања), шест скока и 11 асистенции за дабл-дабл учинок. Одлична поентерска вечер имаа и Брендон Милер со 26 поени (9/19 од игра, 2/6 за три и 6/6 слободни фрлања) и пет скока, како и Мајлс Бриџис со 25 поени (9/13 од игра, 5/7 за три и 2/2 слободни фрлања), осум скока и четири асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Феникс 108-105

Хјустон – Оклахома 91-111

Мајами – Бостон 114-119

Сан Антонио – Милвоки 119-101

Далас – Јута 144-122

Голден стејт – Њујорк Нкс 126-113

Портланд – Атланта -117-101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот