ВИДЕО: Не одигравме ниту „нула“, Ерменија ќе учествува во Лигата „Б“!
Најдобрата македонска репрезентација во решавачкиот натпревар за учество во повисокиот ранг Лига „Б“ загуби вечерва од Ерменија со 1:0 што е наш прв пораз во групата „2“.
Препорачано
Селекторот Игор Ангеловски не можеше да смета на најдобрите, со целосно комбиниран состав на крајот во Никозија (Кипар) не е остварена целта и остануваме во Лигата „Ц“.
И реми ни носеше настап во Лигата „Б“, а Ерменците мораа да триумфираат и тоа го направија благодарение на екс-вардарецот Хамбарѕумјан.
⚽️ GOAL Armenia! Hovhannes Hambardzumyan 55' (1-0) #ARMMKDpic.twitter.com/UcrOFa7vUH
— noobfcb (@noobfcb) November 18, 2020
Единствениот погодок беше реализиран во 55 минута, противникот изведе брза акција, не внимававме најдобро. Шишковски не успеа да го одбрани ударот, Муслиу се обиде, но и тој неуспешен, и на крајот топката заврши во мрежата.
Во Лигата „Ц“ ќе остане и Грузија која во вториот меч од последното шесто коло ремизираше 0:0 со Естонците. На конечната табела Ерменија го освои првото место со 11 бодови, пред Македонија (девет), Грузија (седум) и Естонија (три).


