ВИДЕО: Не е завршен стручниот надзор за смртта на пациентката од Штип

Во тек се 11 вонредни инспекциски надзори за смртни случаи за лица под 40-годишна возраст, од кои три се затворени и по нив нема да се иницира вонреден стручен надзор. За останатите, во моментот кога ќе бидат завршени ќе се одлучи дали има или нема елементи да се прави стручен надзор, соопшти Ирина Сотирова-Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Стручниот надзор за околностите за смртта на 41-годишна штипјанка го врши Лекарската комора, а известување, рече Бухова, ќе има кога ќе биде завршен. Апелираше на трпеливост поради оптовареност на лекарите кои покрај тековната работа, ги прават и надзорите.

– Имаме иницирано 25 вонредни стручни надзори, меѓутоа, да објаснам, докторите кои ќе треба, односно кои ќе ги вршат стручните надзори, се истите доктори кои се членови во Лекарската комора. Во Комората членуваат сите доктори кои имаат лиценци и кои се вработени во приватни и во јавни здравствени установи. Тоа се доктори кои во моментов работат деноноќно на лекување на пациентите. За да се избегнат одредени конфликти на интереси, се избираат доктори кои се од различни институции, а не од оние во кои, условно речено, е настанат проблемот. Затоа овој стручен надзор трае подолго време. Имајте трпение затоа што лекарите се и онака оптоварени, а ниту еден инициран стручен надзор нема да остане неодговорен, рече Бухова.

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот