ВИДЕО | Навивач на Арсенал го нападна Рој Кин, полицијата отвори истрага
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин беше нападнат на стадионот „Емирати“ во Лондон од страна на непознат сторител во текот на четвртото коло од Премиер лигата во кое „црвените ѓаволи“ се поразени од Арсенал.
Препорачано
Избраниците на Микел Aртета во неделата пред своите навивачи славеа победа со 3:1 благодарение на головите на Даклан Рајс и Габриел Жесус во судиското продолжение.
Рој Кин како стручен коментатор и аналитичар на британскиот „Скај Спорт“ во моментот на нападот беше во придружба на Мика Ричардс кој се обиде да спречи ескалација на ситуацијата.
Инцидентот наводно се случил во финишот од натпреварот кога Кин и Ричардс се упатија кон лифтот за да се симнат до теренот од каде што дискутираат за случвањата на натпреварот.
„Полицијата отвори истрага по повод нападот кој се случи на стадионот „Емирати“ во текот на натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Никој не е повреден, а собирањето информации е во тек“, стои во соопштението од полицијата.
Roy Keane was allegedly headbutted. That’s something i didn’t expect to see. Also surprised Keane was the calm one.
— GarnachoTime (@garnacho_time) September 4, 2023


