ВИДЕО | Направете плазма коцки со путер од кикиритки, прсти ќе излижете

Фото: Профимедиа

Бисквитите, особено Плазма, на секој деликатес им даваат посебен вкус, па така и на овие колачи. Особено кога ќе се спои со путер од кикиритки – добивате неодолив колач, прстите да ги излижете.

Потребни состојки:

  • 300 гр мелена плазма
  • 400 гр шеќер во прав
  • 200 гр путер
  • 300 гр путер од кикиритки

Глазура:

  • 150 гр путер од кикирики
  • 200 гр млечно чоколадо
  • 50 гр сечкани кикиритки

Подготовка:

Во садот истурете мелена плазма и шеќер во прав. Промешајте ја смесата со шпатула.

Додадете путер од кикиритки и убаво измешајте ја смесата со рака. На крајот, додадете го растопениот путер и продолжете со мешање.

Кога убаво ќе се соедини смесата, префрлете ја на плех обложен со хартија за печење. Истурете ја смесата убаво со раката и израмнете ја со шпатула.

Оставете ја тавата да се излади во замрзнувач околу 15 минути.

Во меѓувреме, подгответе ја глазурата. Во растопеното чоколадо додадете путер од кикиритки и лесно измешајте со шпатула додека убаво не се соедини смесата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот