Фото: EPA/CIRO FUSCO

ВИДЕО | Наполи и Елмас им се вратија на победите во Серија А

Фудбалерите на Наполи после ремито со Парма и поразот од Лацио, им се вратија на победите во италијанската лига откако дома со 4:0 го совладаа Кремонезе.

Веќе во третата минута домаќините поведоа со голот на Мектомини, непосредно пред паузата автогол си постигна Терачиано (45`), а во листата на стрелците се запиша и Де Брујне (45+3`).

Конечниот епилог за 4:0 во 52 минута го постави Алисон Сантос. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 75 минута како замена за Де Брујне.

„Наполитанците“ можеа да постигнат уште еден гол на овој натпревар, но во 83 минута Мектомини не реализираше пенал.

На табелата во Серија А, клубот од Неапол е на второто место со 69 бодови, зад водечкиот Интер со 78, додека Кремонезе, кој се бори за опстанок, засега е на безбедното 17 место со 28 бодови.

Во следното коло играчите на Антонио Конте на 2 мај ќе му гостуваат на Комо, додека Кремонезе два дена подоцна ќе го пречекаат Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот