ВИДЕО: Наполи доживеа срамна елиминација од Купот на Италија

Момент од натпреварот Наполи - Фросиноне во Неапол/фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Денеска во осминафиналето од Купот на Италија фудбалерите на Наполи претрпеа срамен пораз пред своите навивачи.

На стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол играчите на тренерот Валтер Мацари со 4:0 беа совладани од Фросиноне.

Во составот на „наполитанците“ не беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој се поврзува со можен трансфер во редовите на германскиот Лајпциг.

Во текот на првото полувреме домаќините постигнаа гол во 37 минута преку Симеоне, но поради играње со рака истиот беше поништен.

Дебаклот на Наполи се случи во вториот дел, гостите првиот гол го реализираа во 65 минута кога радост им донесе Баренеча, потоа за 2:0 се погрижи Касо во 70 минута, а уште два гола беа постигнати во финишот кога стрелаа Чедира (90+1`) и Харуи (90+5`).

Фросиноне во четвртфиналната фаза од куп натпреварувањето ќе игра со победникот од дуелот Јувентус – Салернитана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот