Нападната амбасадата на САД во Ирак / Фoто: Икс

ВИДЕО | Нападната амбасадата на САД во Ирак

Хелиодроот при амбасадата на САД во Багдад утрово е погоденод ракета, пренесува Ал Џезира. беспилотно летало, изјави неименуван ирачки безбедносен извор.

https://www.aljazeera.com/video/newsfeed/2026/3/14/smoke-seen-rising-from-us-embassy-in-baghdad#flips-6390911890112:0

Новинските агенции „Ројтерс“ и „Асошиејтед прес“ јавуваат дека ракета ја погодила амбасадата, додека новинската агенција „АФП“ цитира извори кои велат дека штетата е предизвикана од напад со беспилотно летало.

Нападот се случил кратко откако двајца борци поддржани од Иран беа убиени во нападите врз главниот град на Ирак, објави АФП, повикувајќи се на неколку извори.

Ирачката противвоздушна одбрана го соборила дронот, чија цел била Американската амбасада, што се наоѓа во близина на аеродромот во Багдад. Над Амбасадата на САД се издига чад.

Нападот уследи по серијата напади врз проиранска вооружена група во Ирак, при што загинаа двајца нејзини припадници, пренесува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот