ВИДЕО: Најстарото ривалство во фудбалот и незаборавниот гол на Пол Гаскоњ!

EUR01 - 19960320 - LONDON, UNITED KINGDOM: Undated aerial view of Wembley stadium known as "the temple of soccer", site of the Euro96 opening match between England and Switzerland on 08 June 1996 and of the final. In addition, Wembley Stadium, with its famed twin towers (foreground centre) at the main entrance, will stage the Group A matches involving Scotland vs England, Netherlands vs England and a quarter final and a semi-final match. EPA PHOTO

Европското првенство во фудбалот ќе започне за пет дена, а во продолжение го објавуваме најстарото ривалство помеѓу Англија и Шкотска и нивниот дуел од ЕП 1996 година и легендарниот гол на Пол Гаскоњ.

На тој дуел во рамките од групната фаза на 15 јуни 1996 година Англичаните славеа со 2:0 со головите на Алан Ширер и Пол Гаскоњ.

ЕП во Англија беше првото големо меѓународно натпреварување кое е одржано во таа земја уште од Светското првенство во 1966 година.

Она што се случувало во тие подготовки денес е невозможно да се повтори, имајќи ја предвид технологијата и мобилните телефони. Никогаш нема да ја знаеме точната количина алкохол што ја конзумираше репрезентацијата на Англија, но сликите на Гаскоњ се најдоа во медиумите и предизвикаа вистинска бура меѓу љубителите на фудбалот.

Англија поведе кога Алан Ширер со глава ја упати топката во мрежата во 53 минута. Пред тој погодок иницијативата беше на страната на Шкотска, која напаѓаше со сиот максимум, имаше и шанса да дојде до предност од пенал, но истиот не го реализираше Гери Мекалистер, кој шутираше добро, но одличниот Дејвид Симан го одбрани неговиот удар.

Фудбалска „магија“ се случи во 79 минута кога Гаскоњ мајсторски се ослободи од противничкиот играч и од „прва“ испрати неодбранлив удар во мрежата за голема радост на трибините.

Легендарниот Гаскоњ изведе невидена прослава лежејќи на грб додека неговите соиграчи го имитираа и истураа алкохол во устата имајќи предвид што правеа на подготовките пред шампионатот.

Не само што тоа беше еден од најдобрите голови на шампионатот, воедно Гаскоњ ја спои генијалноста со неговите пороци и грешки надвор од теренот.

Да додадеме уште дека на тој континентален собир Англија стигна до полуфиналето каде беше елиминирана од Германија на пенали. Во финалната битка за трофејот Германците триумфираа над Чешка со „златниот“ гол на Бирхоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот