ВИДЕО | „Најопасниот на светот“: Напуштен град каде и дишењето убива

Фото: paul mayall / DPA / Profimedia

Витенум е напуштен град во Австралија, кој го нарекуваат „најопасен на светот“ затоа што само да го вдишете воздухот таму е доволно да ве убие.

Австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат потенцијалните туристи да одат таму. Последниот жител на градот се откажа од борбата за престој во мај годинава, а тоа е место каде во својот врв живееле неколку илјади луѓе.

Некогаш раздвижениот рударски град во регионот Пилбара е всушност смртоносен и се наоѓа во средината на најголемата контаминирана локација на јужната хемисфера.

За време на врвот на развојот во 1930-тите, илјадници луѓе живееле таму. Земјата во Витенум била богата со син азбест и многу Австралијци се преселиле таму за да најдат работа во рудниците.

@nightmarefuelfromaus #australia #straya #wittenoom #abandonedplaces #dangerousplaces #nightmarefuel #foryou #fyp ♬ Get You The Moon – Kina

Во следните три децении тој бил рударски град во неговото срце – но овој начин на живот всушност го убивало локалното население. Рудниците на крајот се затвориле во 1996 година, бидејќи повеќе не заработувале доволно пари, меѓутоа, човечката загуба далеку ја надмина секоја загуба на профит.

Повеќе од 2.000 работници и жители загинале како резултат на вдишување на смртоносните сини азбестни влакна. Воздухот и денеска е отруен, принудувајќи ја владата да урива згради, да ги затвори депониите за отпад од рудниците и целосно да го затвори градот. И покрај напорите за чистење, останати се три милиони тони отпад од азбест.

@aujerpn This place was eerie 😳 #wittenoom #ghosttown #westernaustralia #pilbara #fifo ♬ Heat Waves – Diplo Remix – Glass Animals

Градот никогаш нема да биде безбеден за живеење поради постојаниот ризик од азбест – но некои луѓе не можеле да одолеат да го посетат.

Таков е случајот со бројните тиктокери кои решиле да го посетат ова напуштено место, па благодарение на нивните видеа може да погледнеме како изгледа овој смртоносен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот