Фото. Wolves FC

ВИДЕО: Најлошиот тим во Премиер лигата конечно победи по 20 натпревари

Фудбалерите на Вулверхемптон конечно стигнаа до првата победа во сезоната во Премиер лигата, совладувајќи го Вест хем со убедливи 3-0 во натпреварот од 20. коло.

Домашниот тим веќе во првото полувреме ја реши средбата благодарение на головите на Јон Ариас, Хе-Чан Хванг и Матеус Мане, оставајќи им на „чеканите“ минимални шанси за било каков пресврт. Лондонскиот тим одигра катастрофално, иако поседуваше над 65 проценти од топката, не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Вулверхемптон.

Вулвс одиграа херојски и заслужено го забележаа својот прв триумф во сезоната, со што остануваат со само шест бода на табелата.

На домашен терен сигурна победа забележа и Брајтон, кој го совлада Барнли со 2-0.

Со овој триумф, Брајтон се искачи на осмото место со 28 бода, исто колку и Евертон, додека Барнли останува на претпоследната позиција и ќе продолжи да води борба за опстанок во елитата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот