Запросување - Фото: Инстаграм/Слободен Печат

ВИДЕО | Најхрабрата интервенција досега — пожарникар од Скопје приреди филмско запросување за Денот на пожарникарите

Денот на противпожарната единица во Скопје годинава, наместо само со сирени и показни вежби, помина во знакот на солзи радосници, силни емоции и многу љубов. Еден храбар скопски пожарникар одлучи својата најважна „интервенција“ во животот, со помош на колегите, да ја претвори во филмска сцена — токму на Денот на пожарникарите, 20 мај.

Пред очите на целата бригада и присутните граѓани, неговите колеги развија голем транспарент со порака: „Во сите интервенции сум бил храбар, но оваа ми е најважната. Ќе се омажиш ли за мене?“

Кога изненадената девојка го изговори долгоочекуваното „ДА“, присутните ги поздравија идните младенци со громогласен аплауз, овации и искрени честитки. Веднаш по настанот, романтичните фотографии и видеа почнаа со брзина на светлината да се шират по социјалните мрежи, каде што скопјани масовно испраќаат честитки, воодушевени од креативноста на нашите херои.

Овој прекрасен чин покажа дека момците кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за безбедноста на граѓаните, покрај тоа што имаат огромна храброст, имаат и уште поголемо, романтично срце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот