Фото: Galatasaray

ВИДЕО | Најава за уште една одлична вечер во ЛШ: Два натпревари, осум голови

Галатасарај запиша уште една победа во Лигата на шампионите и по славјето над Ливерпул, вечерва на домашен терен го совлада и норвешкиот Бодо Глимт со 3-1.

Турскиот шампион доминираше на теренот од првата до последната минута, прикажувајќи сигурна и зрелa игра. Пресуден фактор во првото полувреме беше Виктор Осимен, кој со два гола обезбеди преднот на полувремето од 2-0.

Во вториот дел, Акгун погоди во 60. минута и го зголеми водството на 3-0, а единствениот погодок за гостите го постигна Хелмерсен во 76. минута, кој само го ублажи поразот на својот тим.

Со истиот резултат заврши и средбата меѓу Атлетик Билбао и Карабах. Гостите од Азербејџан отворија со погодок уште во првата минута, но „лавовите“ од Билбао не дозволија изненадување. Гурузета го израмни резултатот пред крајот на првото полувреме, а потоа Наваро донесе водство, по што Гурузета повторно се запиша во листата на стрелци и ја потврди победата на шпанскиот претставник.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот