ВИДЕО: На северот на Косово двајца ранети, се фрлаат шок-бомби, се пука од огнено оружје
Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации од утрово се распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, на северот на Косово, каде се собрани жители од српска националност. Зад нив стојат бројни косовски полицајци, кои не им дозволуваат на насобраните Срби да се приближат до општинските згради, објави Косово Онајн.
Препорачано
Србите бараат повлекување на косовската полиција и новоизбраните градоначалници од албанска националност.
Присутни се неколку џипови и камиони со повеќе од 100 војници.
Екипата на „Косово онлајн“, која е на местото, известува дека во близина на зградат на Општина Звечан се присутни и голем број припадници на КФОР од полскиот контингент, кои го формираат првиот прстен на „безбедност“ околу општинската зграда.
Зад припадниците на КФОР, во близина на самата зграда, стојат припадници на косовската полиција.
Информациите се дека има двајца ранети Срби, од кои еден има потешки повреди. Тие се префрлени болницата во Косовска Митровица.
Како што пишува „Косово онлајн“, полицијата пука од огнено оружје, а фрлени се околу 30 шок бомби само во Звечан.


