ВИДЕО | На денешен ден Курт Кобејн се приклучи на клубот 27

Фото: Profimedia

На 5 април 1994 година Курт Кобејн си го одзеде животот и се вклучи на познатиот клуб „27“- славни личности кои починале на таа возраст. Рок бендот – Nirvana во 1994, беше кормило во експлозијата на гранџот и дефинитивно највидлив бенд во жанрот. Обожавателите и критичарите сложни во успехот на „Nevermind“, го пофалија и албумот „In Utero“. Нирвана распродаваше огромни концерти ширум светот, а Кобејн веќе беше означен како глас на една генерација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nirvana (@off1cial_nirvana)

Со ваков професионален успех што би можело да тргне наопаку?

Интензивната и недијагностицирана стомачна болест ја зголемила употребата на хероин, како и борбата со депресија и прекумерна изложеност влијаеле на состојбата на пејачот. Како што физичкото и менталното здравје на Кобејн почнало да се влошува, славата на Nirvana растела експоненцијално. Кога бендот го снимал сега веќе историскиот концерт за „MTV Unplugged“ на крајот на 1993 година, Кобејн веќе се обидувал да се откачи од зависностите, но немал успех.

Првиот обид за самоубиство

Во март 1994 година, за време на турнеја низ Европа, Кобејн се предозирал во Рим со комбинација од „Rohypnol“(roofies) и шампањ. Овој настан го вратил консумирањето на кокаин кај пејачот кој на крајот на март ќе се искраде од центар за рехабилитација искачувајќи се преку ѕид од шест метри. Кортни Лав, сопругата на Курт, во годините што доаѓаат ќе го смета предозирањето како негов прв обид за самоубиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nirvana (@off1cial_nirvana)

Кортни се обидела да организира интервенција со некои од неговите најблиски пријатели, меѓу кои и Дилан Карлсон. До крајот на ноќта, и покрај првичното незадоволство и гнев, Кобејн се согласил да оди на програма за детоксикација во Центарот за опоравување „Exodus“ во Лос Анџелес, која завршува во бегство и враќање во Сиетл.

Последните денови на Курт Кобејн

На 2 април семејството и пријателите не биле сигурни за локацијата на пејачот. Бил забележан како талка низ паркови и како влегува во продавница за оружје каде што го купил инструментот со кој ќе си го одземе животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nirvana (@off1cial_nirvana)

Отприлика две недели претходно, полицијата запленила голем број пиштоли на Кобејн од неговиот дом, откако Кортни Лав го пријавила дека сака да изврши самоубиство. Кобејн во тоа време го негираше тоа и наводно ја купил пушката под друго име за да не биде забележано купувањето од полицијата.

Три дена подоцна, на 5 април, Курт Кобејн изврши самоубиство

 

View this post on Instagram

 

A post shared by begüm (@b3gsafeplace)

Музичарот си го одзеде животот во својот дом во Сиетл со пушка со калибар 20 мм. Зад себе оставил белешка за самоубиство упатена до замислениот пријател од детството, Бода. Во белешката пишувало дека тој:

„Не чувствувал возбуда од слушање, како и создавање музика, заедно со пишувањето… веќе премногу години“.

Електричар го пронашол телото на Кобејн три дена подоцна, на 8 април, кога тој поставувал безбедносно осветлување во неговата куќа во Вашингтон. Ловечката пушка „Remington Model 20“, пронајдена на местото на настанот била легално купена од Дилан Карлсон, откако Кобејн го убедил дека му е потребна за заштита.

Одболување и неверување

Многумина веруваа дека Кобејн бил полн со хероин кога го повлекол чкрапалото, но токсиколошките тестирања утврдиле дека тој имал високо ниво на валиум(диазепам) во крвта.

На 10 април 1994 година, илјадници ожалостени се појавиле на јавното бдеење одржано во паркот во Сиетл Центар. Претходно снимените пораки од Кортни Лав и Крист Новоселиќ биле пуштени на комеморацијата, вклучително и делови од неговата белешка за самоубиство. Лав кон крајот на бдението им подарила дел од облеката на Кобејн на присутните.

Будистички монах пеел молитви додека Френсис Бин Кобејн ја расфрлала пепелта на татка си во Меклејн Крик во Олимпија

Поради екстремната и грозоморна природа на смртта многу од пријателите на Кобејн не веруваа дека станува збор за самоубиство. Ќе се појават многу теории на заговор поврзани со неговата смрт, меѓу кои и дека е убиен (како што инсистира Том Грант, приватен детектив). Меѓу другите ги има и тие пријатели на рокерот кои не веруваат во теориите. „Тој се обиде да се самоубие шест недели порано, многу зборуваше и пишуваше за самоубиство, се дрогираше, имаше пиштол“, изјави во една прилика Дени Голдберт, менаџерот на Nirvana.

Како и да е за живите, Курт си замина од светот со зборовите на Нил Јанг, „Better to burn out than to fade away“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот