ВИДЕО | Музика за вашите уши: Симфонијa на Моцарт во изведба на три кучиња и оркестар во Копенхаген

Фото: YouTube/ Profimedia

Фестивал за класична музика во Копенхаген, беше отворен со оркестарски настап со необични звуци – лаење. Гости-изведувачи беа три кучиња, кои беа задолжени да го доловат звукот на лов, во симфонијата на композиторот Леополд Моцарт, пишува „Еуроњус“.

Малку познатото дело „Ловечка симфонија“ („Jagdsinfonie“), на таткото на Волфганг Амадеус Моцарт, Леополд, беше изведена на отворањето на фестивалот на класична музика во данската престолнина Копенхаген.

Делото е редок скапоцен камен во класичниот свет, во кој кучињата имаат истакната и важна солистичка улога. На специјалната аудиција одржана пред три месеци, беа избрани тројца изведувачи кои никогаш досега не настапувале со голем оркестар.

Главниот диригент Адам Фишер, кој беше на аудицијата на десетици пријавени кучиња, рече дека ја почитува желбата на композиторот дел од симфонијата да биде придружен со ловечки кучиња.

Симфонијата има три чинови. Во последниот чин на симфонијата, кога започнува ловот, кучињата, како и во реалноста, ги следат ловците и лаат.

Куки, Софус и Сика беа избрани поради нивните вештини за лаење и поминаа три месеци обука: не само да лаат по команда, туку да бидат и тивки до крајот на концертот.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот