ВИДЕО | „Му кажав дека ќе го истепам“: Додик пред камери му се закани на евроамбасадорот Сатлер

Фото: Твитер / Н1 / принтскрин

Камерите денеска забележаа како претседателот на Република Српска Милорад Додик во неформален разговор со коалициските партнери рече дека „ќе го истепа“ шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер.

Ова се случи пред почетокот на состанокот на владејачката коалиција, во моментот кога снимале и фоторепортери, пренесе „Нова.рс“.

Во дискусијата за државниот имот, Додик рече дека тоа во моментов е клучно прашање и дека не може да се разговара за тоа.

„Значи, гледате што вели (американскиот амбасадор Мајкл) Марфи, мора да се донесе закон со кој Парламентарното собрание ќе одлучи да се стави на располагање на Република Српска. Молам?“, рече Додик.

На забелешката на Стевандиќ дека истото го зборува и шефот на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер, Додик рече:

„Па, тие го кажуваат истото. Ќе го истепам Сатлер, ќе видиш. Му кажав дека ќе го тепам“, рече Додик, кој можеби не беше свесен дека камерите го забележуваат и тонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот