ВИДЕО: Морето се крена во Пефкохори, опустошени куќи и продавници под налетот на силното невреме „Даниел“

Уништени плажите во Пефкохори, Касандра/Фото: Фејсбук

Катастрофалното невреме „Даниел“ кое ја погоди Грција го опустоши и Пефкохори, на полуостровот Халкидики, каде морето навлезе во куќи и продавници, предизвикувајќи големи штети, објавија грчките медиуми.

Проблемите почнаа во понеделникот вечерта (4/9), но пикот го достигнаа во вторникот (5/9) на полноќ поради обилните врнежи од дожд и силниот ветер.

На плажата Пефкохори, како што пренесува ЕРТ, бурните ветрови откорнале чадори и лежалки, а имало и прекини на струја.

Жителите на околината од утрово ги чистат оштетените угостителски и трговски објекти како и сместувачките капацитети покрај брегот, а на туристите кои беа изненадени од екстремните временски услови веќе им се уништени и одморите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот