ВИДЕО | Момче ја запроси својата девојка во авион на „Ер Србија“: Сведоци биле 139 патници и екипажот

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ airserbia

Момче решило да ја запроси својата девојка на необичен начин. Јаков патувал со својата избраничка Мина со авионот на „Ер Србија“ за Париз, но како што растела неговата нетрпеливост, дошол на одлична идеја – да ја запроси девојката во авионот. Тој побарал од капетанот и екипажот да му помогнат да го реализира тоа.

„Почитувани патници, капетанот ви зборува, се надевам дека ќе уживате во летот. Сега имаме непланирана, но многу убава најава. Еден од нашите патници ќе ѝ постави важно прашање на својата девојка. Во име на целиот екипаж на ‘Ер Србија’ и јас, ве молам поддржете го. Јаков, во авионот има 139 сведоци на твојата љубов! Среќно!“, рекол капетанот.

Во следните моменти Јаков ја запросил својата девојка, што било проследено со аплауз од сите патници, а персоналот во авионот подготвил шампањ за младиот пар.

„Кога имаш важно прашање да поставиш, нетрпеливоста расте. Јаков едвај чекаше да стигне до Париз и реши да ја запроси својата девојка во авионот. Со мала помош од капетанот, екипажот и 139 патници на летот JU314 на ‘Ер Србија’, Мина рече „да“”. Мина и Јаков, среќни сме што сме дел од вашите спомени. Среќно и уште многу, многу години да летате со нас како семејство”, го објави овој романтичен момент на својот Инстаграм профил „Ер Србија“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот