ВИДЕО | Министерка во Јапонија доцнеше пет минути на состанок со премиерката, па ѝ се извини на целата држава
Кими Онода, министерка за економска безбедност на Јапонија, им се извини на сите граѓани откако беше снимена како истрчува од такси и трча на состанок кај премиерката.
Препорачано
Виралното видео настанало на 6 март, а ја прикажува 43-годишната Онода како втрчува во зградата, со чантата во рака. Министерката трчала како без душа, не обрнувајќи внимание на новинарите, додека асистентот трчал покрај неа. Политичарката потоа била видена како брза по скалите кон кабинетот.
Камерманите го снимиле моментот кога јапонската премиерка Санае Такаичи влегла во просторијата додека колегите од кабинетот станале.
Неколку моменти подоцна, додека членовите на кабинетот седеле на своите места на состанокот, камерата поминала низ просторијата кон празното седиште каде што требало да седи министерката Онода.
Министерката од Либерално-демократската партија подоцна ѝ се извини на цела Јапонија, наведувајќи го сообраќајниот метеж како причина за доцнењето.
Вакви примери не се ретки во јапонската политика и јавниот сектор, каде функционерите често преземаат лична одговорност дури и за најмали пропусти, што многумина го гледаат како пример за политичка култура и почит кон јавноста.


