Фото: San Antonio Spurs/ФБ

ВИДЕО | Mинесота немаше решение за фантастичниот Вемби, Сан Антонио води во серијата

Французинот Вембањама одигра феноменален натпревар и го предводеше Сан Антонио до победа од 115-108 против Минесота, со што Спарс поведоа со 2-1 во серијата.

Вемби беше незадржлив на паркетот и мечот го заврши со одличен двоен учинок од 39 поени и 15 скокови. Поддршка доби од Фокс кој постигна 17 поени, запиша пет асистенции и три скокови, додека Касл и Васел додадоа по 13 поени.

Кај Минесота, најдобар поединец беше Едвардс со 32 поени, 14 скокови и шест асистенции, а се истакна и Рид со 18 поени, девет скокови и пет асистенции.

Во вториот натпревар од вечерта, Њујорк славеше и на гостувањето кај Филаделфија со 108-94 и поведе со убедливи 3-0 во серијата, па сега е на само еден триумф од пласман во следната рунда.

Брансон беше лидер на Њујорк со 33 поени, девет асистенции и пет скокови, додека кај Филаделфија најдобар беше Убри со 22 поени и осум скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот