ВИДЕО: Милан им се врати на победите во Серија А

epa09172787 Milan's Brahim Diaz (2-L) in action against Benevento's Kamil Glik (2-R) during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Benevento Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 May 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

По двата порази по ред, фудбалерите на Милан вечерва успеаја да го совладаат Беневенто со 2:0 и ја продолжија битката за позициите кои носат во Лигата на шампионите.
Со победата во 34 коло, Милан се искачи на второто место со 69 бодови, 13 помалку од лидерот Интер, а еден повеќе од Аталанта која утре ја очекува дуел со Сасуоло.

„Росонерите“ поведоа на самиот почетокот, односно во шестата минута кога Салемакерс му асистираше на Чалханоглу кој од 12-тина метри биеше прецизно.
Победата беше обезбедена во 60. минута кога по шутот на Ибрахимовиќ, одбиената топка дојде до Тео Ернандез на кого не му беше тешко да го совлада голманот на Беневенто, Монтипо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот