Калиа Димитрова / Фото: Слободен печат / скриншот

ВИДЕО | „Мицкоски и Тошковски, како не ви е срам да не се извините?“

Во говорите на учесничките на денешниот осмомартовски протест во Скопје, беше потенцирана економската нееднаквост на жените, нивната небезбедност и како тоа во македонското општество е нормализирано.

Една од говорничките, Калиа Димитрова, јавно ги прозва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски.

„Како не ви е срам да се појавите на говорница по рекорден број на убиства на жени, на кои им претходело пријавувано насилство и по кои не се постапувало соодветно и да ни порачате да пријавуваме и да не ги повлекуваме пријавите? Премиере, како не ви е срам да не ги знаете законите на земјата што ја водите? Институциите имаат службена должност да постапуваат и да ги заштитат жените жртви на насилство. Особено оние што живеат во висок ризик. Министре, Росица директно ве контактираше очајно барајќи заштита додека животот ѝ висел на конец. Како не ви е срам да продолжите со вашите денови, говори, функции… и да не изразите сочувство?“, праша Димитрова.

ФОТО+ВИДЕО: „Нема да нè снема“ – голем број граѓанки и граѓани на осмомартовскиот протест против насилството врз жените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот