Фото: Inter Miami C.F

ВИДЕО: Меси повторно блескаше, со два гола и асистенција го одведе Интер Мајами во четвртфинале

Интер Мајами се пласира во четвртфиналето од МЛС плејофот по убедливата победа над Нешвил со 4-0 во решавачкиот трет натпревар од серијата, со што со вкупни 2-1 ја осигура следната рунда.

Како и многупати досега, Лионел Меси беше главната ѕвезда на вечерта, постигна два гола и запиша асистенција во триумфот на тимот од Флорида. Без суспендираниот Луис Суарез, аргентинскиот маестро повторно ја презеде лидерската улога и уште еднаш покажа дека е најдобриот фудбалер во лигата оваа сезона.

Меси го отвори резултатот уште во 10. минута, а потоа во 39. зголеми на 2-0, со што практично ја реши дилемата околу победникот. Во второто полувреме, Аљенде двапати ја затресе мрежата, првиот пат по додавање на Алба, а вториот по асистенција на Меси, кој со тоа стигна до неверојатна бројка од 400 асистенции во кариерата.

Само легендарниот Ференц Пушкаш има повеќе,  404, но извесное дека Меси наскоро ќе го надмине. Освен тоа, му недостигаат уште шест погодоци за да ја достигне бројката од 900 гола,.

Интересен е и податокот дека оваа сезона, на само пет натпревари против Нешвил, Меси им дал дури десет голови. Во четвртфиналето, Интер Мајами ќе го пречека Синсинати, а за разлика од претходната рунда, натпреварите понатаму ќе се играат само во еден меч.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот