ВИДЕО | Меланија Трамп се надмина самата себе: Се појави во бел капут, a жените ширум светот „одлепија“ по кројот
Првата дама, на САД, Меланија Трамп, присуствуваше на манифестацијата „Toys for Tots“ во Вирџинија, каде што со својот моден избор повторно го привлече вниманието на сите присутни. Нејзиниот стил, особено капутот што го носеше, предизвика бројни коментари.
Препорачано
Празнична порака до децата
Додека им се обраќаше на децата, Меланија со насмевка раскажа кратка празнична анегдота. Таа порача дека на настанот допатувала заедно со Дедо Мраз, додека неговите ирваси биле одмарале и се подготвувале за, како што рече, нивната голема задача:
„Ирвасите на Дедо Мраз, се одмораат на Северниот пол. Мораат да ја зачуваат целата своја енергија за големиот лет околу светот на Бадник“, рече на шега.
Истакна дека „Toys for Tots“ е една од нејзините омилени празнични традиции и дека ѝ е задоволство да биде дел од настанот. Во еден момент, ѝ пријде девојче од публиката, го држеше за рака и разговараше со него, трпеливо слушајќи сè што имаше да каже.
Стил за кој се зборува
Иако програмата беше во центарот на вниманието, изгледот на Меланија не остана незабележан. За оваа пригода таа одбра краток бел капут, комбиниран со тесни црни панталони и елегантни црни чизми. Целиот изглед го надополни со големи црни очила за сонце, а нејзината насмевка, како и обично, ја освои публиката.
Во својата шеста деценија, Меланија сè уште плени со беспрекорна фигура и стил, па секое нејзино појавување предизвикува големо внимание на јавноста – така беше и овојпат.


