Фото / Телма / социјални мрежи / скриншот

ВИДЕО | Мечка протрча низ Битола, граѓаните се вознемирени

Mечка е снимена како трча по улица кај Градскиот парк во Битола, а граѓаните се вознемирени бидејќи животното се појавило на прометно место среде град. Видеото е снимено синоќа од автомобил, објави „Телма“.

Од СВР Битола велат дека случајот е пријавен во полиција. Општината, пак, е во контакт со институции кои треба да преземат мерки, вели градоначалникот Тони Коњановски.

„Во врска со случајот ги информирав Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, како и Државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство. Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 е за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола. Од страна на институциите бев известен дека во тек се со актуелната состојба“, соопшти градоначалникот Тони Коњановски.

Мечките се заштитен вид и отстрелот е строго забранет со закон, без исклучоци.

ВИДЕО | Мечка и две малечки се бањаат во Радика, уживаат во раната пролет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот