ВИДЕО: Меч на сезоната на Сан Мамеш, Атлетик Билбао до победата во 98 минута

Алехандро Беренгер („Атлетик Билбао“)/фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Фудбалерите на Атлетик Билбао на свој терен ја победија Селта Виго со 4:3, во натпреварот од 13 коло во „Ла Лига“.

Стрелци за Атлетик Билбао беа Сансет во 37 минута, Гурузета во петтата минута од судиското надополнување на првото полувреме и во 52 минута, како и Беренгер од пенал во осмата минута од судиското надополнување од вториот дел.

Головите за Селта ги постигнаа Аспас во 25 минута, Бамба во 42 минута и Ларсен во 66 минута. Селта можеше да дојде до бод на овој меч, но Аспас не реализираше пенал во 72 минута.

Атлетик Билбао ја забележа петтата победа во шпанското првенство и со 24 бодови го зазема петтото место на табелата. Селта е на 18 позиција со седум бодови.

Во следното коло Атлетик Билбао ќе гостува кај Жирона, додека Селта оди кај Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот