ВИДЕО: Мбапе – Меси е шампионска комбинација, ПСЖ го понижи Марсеј на „Велодром“

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Марсеј на „Веледром“ со 3:0 во дербито од 25 коло од „Лига 1“. Оваа средба одлучуваше дали ќе добиеме поинтересна шампионска трка или екипата од францускиот главен град ќе се одвои на повеќе од пет бода, кои ги имаа пред овој натпревар.

Јасен одговор добивме од тимот на Кристоф Галтие, предводен од дуото Лионел МесиКилијан Мбапе. Двајцата искомбинираа во сите три постигнати голови за париските „светци“.

Најпрвин Меси во 25 минута Меси му асистираше на Мбапе, а четири минути подоцна улогите беа сменети за зголемување на водството

Последниот гол беше и најубав, само прашање е дали беше гол или асистенција. Во 55 минута Меси мајсторски ја подигна топката над одбраната на Марсеј и го пронајде брзоногиот Мбапе, кој мајсторски ја заврши оваа акција.

Составот на Галтие во најквалитетната француска фудбалска лига по 25 кола е првопласиран во генералниот пласман со 60 бодови, осум повеќе од второпласираниот Марсеј, а по 50 имаат Монако и Ленс, на третата, односно четвртата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот