ВИДЕО | Мараја Кери го најави доаѓањето на Божиќ: Видеото собра 24 милиони прегледи за осум часа

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Светската пејачка ѕвезда Мараја Кери традиционално на социјалните мрежи објавува видео со кое ја најавува празничната сезона, кога нејзината божиќна песна ќе се слуша насекаде.

„Време е“, напиша таа во описот на видеото, во кое од сцена за Ноќта на вештерките на 31 октомври преминува во божиќна атмосфера на 1 ноември. Околу неа има статисти облечени во џемпери со божиќни мотиви, а Мараја носи црвен комбинезон.

@mariahcarey It’s…… TIME!!! 🎃🧊🎄 #MariahSZN ♬ original sound – Mariah Carey

Секако, во позадина се слуша нејзиниот најголем божиќен хит „All I Want For Christmas Is You“. Видеото за осум часа собра 24 милиони прегледи и над пет милиони лајкови.

Инаку омилената божиќна песна „All I Want for Christmas is You“, во изведба на Мараја Кери беше објавена на 29 октомври 1994 година. Пред две години таа песна беше на врвот на Билборд листата на најпопуларни синглови Хот 100. Тогаш медиумите пишуваа дека тоа е неверојатно достигнување бидејќи песната е стара речиси 30 години.

Песната се смета за еден од најголемите празнични хитови, а албумот е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, продаден во повеќе од 15 милиони копии ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот