фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Манчестер сити шокиран на „Етихад“: Џонсон и Палиња за триумф на Тотенхем

Денеска во првиот натпревар од саботната програма во второто коло од Премиер лигата, во дербито Тотенхем како гостин непријатно го изненади Манчестер сити совладувајќи го со 2:0.

Во 35 минута гостите поведоа со голот на Џонсон по асистенцијата на Ришарлисон. Со овој погодок, Тотенхем стана првиот тим во историјата што го постигнал првиот гол во пет последователни гостувања во Премиер лигата на „Етихад“, и само вториот што го постигнал тоа на гостувањето кај Манчестер сити во ова натпреварување, по Блекбурн кој го сторил тоа помеѓу 1993 и 2002 година.

Стапи нервоза во редовите на тимот на Пеп Гвардиола, следуваше паника во нивната игра и поради ја платија цената во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Голманот на Сити, Џејмс Трафорд, ја загуби топката пред сопствениот гол, Ришарлисон го искористи тоа, и со малку среќа топката стигна до Жоао Палиња, а поранешниот играч на Баерн Минхен не погреши за зголемување на предноста.

Ова е само шести пат под водство на Гвардиола Сити да заостанува со два или повеќе гола на полувреме на домашен терен во Премиер лигата, а Тотенхем е одговорен за половина од тие случаи (3/6).

Шпанскиот менаџер Гвардиола се обиде да го раздвижи својот тим со замена во второто полувреме, но не успеа да постигне ни почесен погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот