Шешко и Бруно Фернандеш/Manchester United

ВИДЕО | Maнчестер јунајтед го победи Брентфорд и дојде на само чекор од пласман во ЛШ

Манчестер jунајтед дополнително ја зацврсти својата позиција на третото место во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ славеше над Брентфорд со 2-1.

Натпреварот понуди динамика и неизвесност, со неколку пропуштени можности на двете страни. „Црвените ѓаволи“ ја изградија предноста уште во првото полувреме преку головите на Каземиро и Бенјамин Шешко, но и гостите имаа свои моменти кога можеа да дојдат до погодок.

Брентфорд до намалување стигна дури во самиот финиш, кога Матијас Јенсен погоди во 87. минута, но за комплетен камбек немаше време.

Со новите три бода, Јунајтед се доближи на чекор до пласман во Лига на шампиони. Тимот во моментов има комотна предност од 11 бодови во однос на Брајтон, а веќе во следното коло против Ливерпул може и дефинитивно да го обезбеди своето место меѓу најдобрите пет екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот