ВИДЕО: Макрон повторно нападнат, полицијата го уапси напаѓачот

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно нападнат/ Фото Twitter Screenshot

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно беше нападнат.

Ваквите инциденти не се нови за францускиот претседател, кој се соочува со силни критики во последните месеци поради економијата и ограничувањата поврзани со коронавирусот.

Лицето е приведено откако фрли предмет во облик на јајце кон претседателот. Инцидентот се случил на денешната посета на Макрон во градот Лион на југот на Франција, пренесува Франс 3.

Твитот гласи: “Додека патуваше за Лион, Емануел Макрон стана жртва на напад со јајца. Безбедносната служба уапси млад човек”.

ВИДЕО | „Долу Макронија“: Макрон доби шамар при средба со граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот