ВИДЕО | Мајка го оставила петгодишното дете само во стан во Солун, цел час фрлало предмети од балконот
Полицијата уапси мајка на петгодишно момче во грчкиот град Солун откако детето, оставено само во стан на шестиот кат од зграда, еден час фрлало предмети од балконот кон улицата, јавува „Катимерини“.
Препорачано
Инцидентот се случил на авенијата „Василеос Георгиу“, каде што минувачи забележале дека од балконот паѓаат разни предмети и ја известиле полицијата.
Според информациите, детето фрлало камења, правосмукалка, кофа, џогер, друштвени игри и карти, при што за среќа нема пријавени повредени луѓе. Полицијата пристигнала на местото и, бидејќи влезната врата била заклучена, успеала да му пријде на детето преку соседен стан.
Кога мајката се вратила дома, била уапсена и се соочува со обвинение за изложување на малолетно лице на опасност.
По налог на обвинител, детето привремено е згрижено кај семејни пријатели додека трае постапката.
Фатален љубовен триаголник во Грција: 20-годишен војник со нож убил син на полицаец поради девојка
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
39мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


