мафијашка ресметка тирана принтскрин/видео

ВИДЕО | Мафијашка пресметка во Тирана: Минувачи кршат прозорци за да спасат ранети

Еден човек е убиен, а еден е ранет во жестока пресметка со пукање која избила откако напаѓачи стрелале од возило кон луѓе во друг автомобил, објави „Бота Сот“.

Според полицијата, денеска околу 14:20 часот се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана. Се пукало кон возилото во кое се превезувале М.Ш. и Г.Д.

Во „мерцедесот“ во кој се возеле, непознати лица пукале од „тојота јарис“, кој бил пронајден изгорен во Фуш Круја неколку минути по инцидентот.

Г.Д. го загубил животот, додека М.Ш. бил ранет и се наоѓа во болница, под медицински надзор, во тешка состојба.

Полицијата го опколила подрачјето, поставила контролни пунктови и продолжува со потрагата по сторителот или сторителите.

На снимката која ја објави „Топ чанел“ се гледа како полицајци и минувачи се обидуваат да стигнат до ранетите во автомобилот, кршејќи ги прозорците.

„Бота Сот“ објавува дека жртвата е Гилмано Дани, „десната рака“ на Емилијан Сулази. Сулази е добро позната фигура во албанското подземје – поранешен студент по медицина кој стана еден од најозлогласените криминални босови во Албанија. Неговото име со години се поврзува со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и во Драч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот