ВИДЕО Мадуро воведе вонредна состојба, Трамп е обвинет за напад на Венецуела: Завладеа паника, луѓе трчаaт по улиците
Целата земја мора да се мобилизира за да ја победи оваа империјалистичка агресија, се вели во соопштението од Кабинетот на венецуелскиот претседател.
Венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и осудува американската воена агресија“. САД се обвинети за обид за „присвојување на стратешките ресурси на Венецуела, особено нафтата и минералите, обидувајќи се насилно да ја скршат политичката независност на земјата“.објави CBS.
Препорачано
Во соопштението се додава:
„Таквата агресија го загрозува меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и сериозно ги загрозува животите на милиони луѓе“.
Војници и оклопни возила беа видени на улиците на главниот град на Венецуела, Каракас, откако најмалку седум експлозии го потресоа ноќта помеѓу петокот и саботата.
Аеродромот Игерото, кој се наоѓа на околу 20 километри западно од Каракас, наводно бил цел на нападот, но засега нема официјални информации за потврда на ова.
Растат тензиите: Во Венецуела досега уапсени петмина Американци
Засега нема коментар од Белата куќа, а венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата национална територија, со цел да се заштитат правата на населението, целосното функционирање на републиканските институции и веднаш да се премине на вооружена борба“.
„Целата земја мора да се мобилизира за да ја победи оваа империјалистичка агресија“, се вели во соопштението.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одобри напади во Венецуела пред неколку дена, изјавија извори за Си-Би-Ес. Трамп ѝ даде зелено светло на американската војска да изврши копнени напади во Венецуела неколку дена пред операцијата, според двајца американски функционери кои разговараа со Си-Би-Ес њуз под услов на анонимност.
„Воените функционери размислуваа да ја извршат мисијата на Божиќ, но американските воздушни напади во Нигерија против цели на ИСИС имаа приоритет“, рекоа изворите.
Видео, чија автентичност засега не може да се потврдие, циркулира на социјалните мрежи, на кое се гледа како армијата гаѓа цели на копно.
Си-Би-Ес објави дека Доналд Трамп ја нападна Венецуела, наредувајќи распоредување на американски специјални сили на терен за обезбедување на венецуелските воени објекти.
Службеници на администрацијата на Доналд Трамп изјавија дека се свесни за извештаите за експлозии и авиони, изјавија извори за Си-Би-Ес њуз, но немаше непосреден одговор на барањата до Белата куќа за коментар, а немаше ни непосреден одговор од венецуелската влада.
Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, зборуваше по серијата експлозии што одекнаа во Венецуела.
„Во овој момент тие го бомбардираат Каракас. Предупредување до целиот свет, тие ја нападнаа Венецуела. Тие испукуваат ракети“, напиша Петро на својот X профил
На социјалните мрежи циркулира видео, наводно штотуку снимено во Каракас, каде што се гледа како поминува оклопно возило.
BREAKING: Video shows military helicopter firing rockets at a ground target in Caracas, Venezuela pic.twitter.com/I7KKfk9oqc
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 3, 2026
🚨 Massive U.S. airstrikes against military targets in Caracas, Venezuela. #caracas #venezuela pic.twitter.com/rn5LKmTBYY
— Arslan Baloch⚔️🖤 (@Arslan_baloxh) January 3, 2026
Растат тензиите: Во Венецуела досега уапсени петмина Американци


