Мачорот Лари - Фото: HENRY NICHOLLS / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Мачорот Лари покажа кој е главен на „Даунинг стрит“ — фати глушец среде говорот на британскиот премиер

Главниот „ловец на глувци“ на „Даунинг стрит“ 10, мачорот Лари, го привлече вниманието на јавноста кога улови глушец за време на прес-конференцијата на британскиот премиер Кир Стармер, пренесува „Сан“.

Додека премиерот држеше голем говор, 19-годишниот мачот работеше напорно. Во позадината на ТВ камерите, Лари беше фатен како се нафрла врз глодарот пред Министерството за надворешни работи.

Главниот „ловец на глувци“ беше виден како си игра со својот плен, фрлајќи го во воздух и зграпчувајќи го во уста. Потоа го одвлече до задната врата од број 10 и го изеде за ручек.

Сето ова се случуваше додека Стармер се обидуваше да ја увери британската јавност дека ќе се обиде да ги ублажи растечките трошоци за живот.

ФОТО | Симпатичен инцидент на „Даунинг стрит“: Фотографот на полскиот претседател се сопна на мачорот Лaри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот