ВИДЕО: Лука Дончиќ блескаше во триумфот над Голден Стејт

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Лука Дончиќ продолжи со одличните игри во НБА лигата, словенечкиот кошаркар беше најзаслужен за победата на Далас против Голден Стејт со резултат 132:122.

Првата ѕвезда на Маверикси Дончиќ го заврши натпреварот со 39 поени, осум скокови и 10 асистенции, со шут од игра 14/29.

Што се однесува до мечот, првото полувреме го одигра одлично тимот од Тексас и се покажа како доволно за победа и прекинување на серијата од два порази. По 24 минути игра гостите имаа предност од девет поени – 54:63.

Вориорси се обидоа да направат пресврт во преостанатиот дел од средбата, но Далас имаше одговор за сè. Најблиску домашните дојдоа на негатива од пет поени – 114:119, но тој налет брзо беше одбиен.

Најдобар играч на Далас по Дончиќ беше поранешниот играч на Партизан, Данте Егзум, кој постигна 19 поени. Во поразениот тим најмногу се истакна Стеф Кари со 25 поени, а го следеше Крис Пол со 24.

Маверикси сега се шести во Западната конференција со скор 19-14, додека Голден Стејт има учинок 15-17 на 11 позиција.

НБА лига, резултати

Детроит – Торонто 129:127
Индијана – Њујорк 140:126
Чикаго – Филаделфија 105:92
Минесота – ЛА Лејкерс 108:106
Голден Стејт – Далас 122:132

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот