ВИДЕО | Луд пресврт за титула: На 146 секунди до крајот губеа со 16 разлика, а на крајот победија

Фото: Screenshot

Се случувале разно пресврти во кошарката, па дури и во најсилните првенства како НБА или Евролигата, но пресврт како во Холандија во мајсторката за шампионската титула навистина не се памети.

Нов шампион на Холандија е ЗЗ Лајден кој во одлучувачкиот натпревар го победи Донар од Гронинген со 82:81. Немаше да биде ништо чудно ако до титулата не стигнаа на неверојатен начин. На само 146 секунди пред крајот тие имаа негатива од 16 поени.

На семафорот на 2:20 минути до крајот стоеше 61:77 во корист за Донар, а тогаш започна лудиот пресврт со 21:4. До победата дојдоа со две погодени слободни фрлања на три стотинки до крајот.

Дефинитивно станува збор за еден од најголемите пресврти видени на кошаркарските терени, за ЗЗ Лајден ова беше петта титула во нивната историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот