ВИДЕО: Ливерпул е поблиску до финалето во англискиот Лига куп

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Денеска во првиот натпревар од полуфиналето во англискиот Лига куп фудбалерите на Ливерпул триумфираа на домашен терен со 2:1 против Фулам.

Гостите имаа предност од 19 минута со голот на Вилијан по асистенцијата на Переира, а домаќините на својот „Енфилд“ направија целосен пресврт за три минути во текот на второто полувреме.

Најпрвин во 68 минута Џонс се погрижи за израмнување на 1:1, а конечниот епилог го постави Гакпо во 71 минута, асистент и на двата гола беше Нуњез.

Реванш дуелот меѓу екипите на Фулам и Ливерпул ќе се игра на 24 јануари.

Потсетување дека по првиот меч од второто полуфинале, Мидлсбро има предност од 1:0 против Челси чија возвратна пресметка на „Стемфорд Бриџ“ е закажана за 23 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот