ВИДЕО: Лила Филиповска се присети на нејзиното прво телевизиско појавување: Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите

Instagram

Нашата популарна водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска ги забавува гледачите пред малите екрани повеќе од дваесет години, па слободно можеме да кажеме дека веќе е една од најпознатите телевизиски лица во нашата држава.

Филиповска веќе десет сезони го води квизот „Сè или нешто“, а нејзините бројни обожаватели покрај тоа што ја гледаат на малите екрани, уживаат и во нејзините чести објави на социјалните мрежи обидувајќи се барем малку да насетат нешто за нејзиниот приватен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Познатата водителка овојпат реши да објави еден ретро спомен од нејзината младост и почетоците на нејзината кариера.

Имено, таа ги врати своите обожаватели и пријатели во далечната 1995 година, објавувајќи видео од нејзиното прво појавување на телевизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Оваа снимка ја гледам прв пат во животов и искрено не се ни сеќавам многу, но знам дека тоа се дефинитивно моите први водителски обиди во Македонската Телевизија 1995… Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“, напиша Филиповска во описот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот