ВИДЕО: Лидс го избра најубавиот гол сезонава, а токму Алиоски беше асистент!

алиоски
Езџан Алиоски остави значајна трага во боите на Лидс/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Веднаш по одигрувањето на последниот натпревар во Премиер лигата оваа сезона, Лидс вечерва ги избра најдобрите годинава…

Играчите на Марсело Биелса дефинитивно не ги разочараа навивачите, доста остварени импресивни резултати и против најголемите во Англија за клуб кој направи „кам-бек“ во елитата после долги 16 години.

За најдобар млад играч Лидс го прогласи францускиот голман Илан Мелие кој на вкупно 11 натпревари не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Играчите го избраа и најдобриот фудбалер на годината, тоа е Стјуарт Далас кој воедно го има и најубавиот гол оваа сезона.

На 10 април се случи тој погодок, победнички против сега актуелниот шампион Манчестер сити, а асистент беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

ВИДЕО: Тотенхем го испрати Челси во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот